Рекламните панели како медиум за надворешно рекламирање
Рекламниот панел е мас-медиум кој целосно допира до широка јавност и нуди реклама која постојано се наметнува и го привлекува вниманието на сите минувачи 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Панелите се медиум кој е директно изложен во видното поле на сите учесници во сообраќајот. Панелите гарантираат забележливост и поради лоцираноста – се поставуваат на бандерите за улично осветлување на сите сообраќајници во градот, а и поради светлосната инсталација што ја содржат, забележливи се како преку ден, така и навечер.
Со оглед на тоа што панелите се двострани, нудат можност за пренесување на 2 пораки истовремено.
Нивниот квалитет овозможува да се ротираат од една локација на друга, при што се добива ефект на зголемена застапеност и присуство на пораката што ја носат, односно истата е достапна до поголем број на потенцијални клиенти, што особено е важно кога панелите се користат како медиум за рекламирање.
Служат за градење на бренд на компаниите, како и за зголемување на свесноста за брендот, за информирање за тековните промотивни активности на една компанија, така и во функција на патоказ, за упатување на потенцијалните клиенти кон продажното место или канцеларии на одредена компанија.
Рекламните панели се медиуми за надворешно рекламирање кои:
- се подеднакво ефектни и дење и ноќе, заради нивната вградена светлосна инсталација;
- влегуваат во видното поле на сите учесници во сообраќајот: пешаци, возачи, совозачи, корисници на јавниот превоз, итн.;
- неколку пати поефтини од сите други видови на реклами што ви ги нуди пазарот и коишто можете да си ги дозволите дури и ако Вашиот рекламен буџет е мал;
- се поставуваат на оние места што сами ги избирате во нашата мрежа од 10.000 локации низ целиот град;
- се осигурани од потенцијални штети кај осигурителна компанија;
- за кои секојдневно се грижи нашиот мобилен тим за одржување, кој секојдневно ја проверува нивната техничка и хигиенска состојба