Рекламните панели како медиум за надворешно рекламирање

Рекламниот панел е мас-медиум кој целосно допира до широка јавност и нуди реклама која постојано се наметнува и го привлекува вниманието на сите минувачи 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Панелите се медиум кој е директно изложен во видното поле на сите учесници во сообраќајот. Панелите гарантираат забележливост и поради лоцираноста – се поставуваат на бандерите за улично осветлување на сите сообраќајници во градот, а и поради светлосната инсталација што ја содржат, забележливи се како преку ден, така и навечер. 

Со оглед на тоа што панелите се двострани, нудат можност за пренесување на 2 пораки истовремено.

Нивниот квалитет овозможува да се  ротираат од една локација на друга, при што се добива ефект на зголемена застапеност и присуство на пораката што ја носат, односно истата е достапна до поголем број на потенцијални клиенти, што особено е важно кога панелите се користат како медиум за рекламирање.

Служат за градење на бренд на компаниите, како и за зголемување на свесноста за брендот, за информирање за тековните промотивни активности на една компанија, така и во функција на патоказ, за упатување на  потенцијалните клиенти кон продажното место или канцеларии на одредена компанија.

Рекламните панели се медиуми за надворешно рекламирање кои:

  • се подеднакво ефектни и дење и ноќе, заради нивната вградена светлосна инсталација;
  • влегуваат во видното поле на сите учесници во сообраќајот: пешаци, возачи, совозачи, корисници на јавниот превоз, итн.;
  • неколку пати поефтини од сите други видови на реклами што ви ги нуди пазарот и коишто можете да си ги дозволите дури и ако Вашиот рекламен буџет е мал;
  • се поставуваат на оние места што сами ги избирате во нашата мрежа од 10.000 локации низ целиот град;
  • се осигурани од потенцијални штети кај осигурителна компанија;
  • за кои секојдневно се грижи нашиот мобилен тим за одржување, кој секојдневно ја проверува нивната техничка и хигиенска состојба

Add a Comment

post-944