Маркетите се едни од најголемите корисници на услугите на Продукција Перспектива

Македонските ланци на маркети се едни од најголемите корисници на услугите за надворешно рекламирање на Продукција Перспектива. Освен улогата на означување и насочување кон нивните локации кои ги користат големите маркети во Скопје, Кам маркет, Стокомак, Рептил, Жито Маркет, Кипер маркет, Рамстор, се почесто се користат можностите што ги нудат рекламните панели за промовирање на нови услуги, како на пример Рептил за новата услуга за пазарување онлајн или Веро промовирање на нов маркет. 

Една од предностите на користење на рекламни панели покрај ниската цена на услугата е и големиот избор на локации што ја имаат клиентите. Рекламните панели се поставуваат на столбовите за електрично осветлување кои се распространети насекаде во градот, што овозможува избор на најсоодветна локација или локации при означување или насочување, односно многу фреквентни локации за поставување бренд реклама.

Продукција Перспектива нуди високо ниво на сервис и услуга во надворешното рекламирање без разлика на потребата и обемот на промоција која ја бара клиентот. Во согласност со Правилникот за обележја за информирање и упатување на граѓаните на Град Скопје нуди три типа на светлосни рекламни панели кои во целост ги почитуваат усвоените стандарди за формата, димензиите, боите како и материјалите од кои се изработуваат панелите. Во услугата покрај предлог стратегијата за избор на локации за надворешно рекламирање за секој клиент посебно, вклучено е и дизајн, монтажа, комунална такса, одржување и осигурување од штета.

Add a Comment